14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Чоколадна фантазија без млеко и јајца: Чудо торта готова за 15 минути

Мислите дека невозможно е да направите феноменален десерт без млеко, јајца и маргарин… Се лажете!

Состојки: 1,5 шолја брашно, 1 лажичка сода бикарбона, прстофат сол, 3 лажици какао, 1 шолја шеќер, 1 лажичка оцет, 1 лажичка екстракт од ванила, 5 лажици масло, 1 шолја вода, 200 гр чоколадо

Начин на подготовка:

Во плех за печење измешајте ги сите суви состојки. Додајте оцет, масло, шеќер и екстракт од ванила, па сè добро соединете.

Печете во рерна загреана на 180 степени околу 35 минути.

За тоа време на пареа растопете чоколадо со малку масло и со него прелијте ја тортата. По желба, украсете со шлаг и со омиленото овошје.

Уживајте!