3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Страшна сообраќајка во Скопје – повеќемина повредени

На крстосница од улица „Орце Николов” и улица „Аминта трети” во Скопје, вчера во 07:10 часот се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „Фиат Линеа” со скопски регистарски ознаки управувано од 29-годишниот Н.Т. од Скопје и патничко моторно возило „Цитроен Ц3″ исто така со скопски ознаки управувано од 47-годишниот С.Х. од Скопје.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возиото „Цитроен” и на истата и е укажана лекарска помош во Градска општа болница „8ми Септември”, додека со телесни повреди се здобила С.Х. и три сопатнички во возилото „Фиат Линеа“ В.Н.(24), Д.С.(24) и Е.В.(19) сите од Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.

Спонзорирано: