12.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Детали за големата трагедија во Македонија: Откриен идентитетот на починатите

Голема трагедија ја потресе вчера Македонија кога починаа двајца параглајдеристи кај Мечкин Камен во Крушево.

Како што информираат денеска од македонското МВР, во 12,30 часот во Крушево кај Мечкин камен, дошло до судир во воздух помеѓу двајца параглајдеристи, 56-годишниот И.В. од Украина и 54-годишниот И.П. од Велика Британија, при што И.В. починал на местото на настанот, а И.П. со тешки телесни повреди е пренесен во Здравстнев дом Прилеп, каде подоцна подлегнал на повредите.

Извршен е увид, од страна на Јавен обвинител е наредена обдукција.