14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Невремето донесе нови штети: Удар на гром причина страотниот пожар во скопска Нова Брезница

Изгоре викендичка од удар на гром во околината на Скопје. Според полицијата, вчера околу 21.50 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Т.Т. пријавил дека во селото Нова Брезница од удар на гром целосно била опожарена викенд-куќа, сопственост на Б. В. (50) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Екипите интервенирале од 21.40 до 1.10 часот по полноќ. Од пожарот биле зафатени 200 квадратни метри. Пожарот го гаснеле пет возила со 11 пожарникари.