17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Авни Арифи: Преговарачкиот процес со Белград е клинички мртов

Шефот на преговарачкиот тим на Приштина, Авни Арифи, изјави дека преговарачкиот процес помеѓу Белград и Приштина веќе некое време е клинички мртов. Како што рече, за тоа се одговорни Белград и Брисел.

Арифи за косовскиот веник „Телеграфи“, како што се наведува во изјавата на УНМИК, изјавил дека договорите постигнати за време на техничкиот дијалог во најголем број случаи не се спроведени, а стопирани се и оние чие спроведување почнало. Во тој контекст Арифи го споменува и договорот за слободно движење.

Косовската страна, во меѓувреме, како што наведува Арифи, одобрила воспоставување управувачки тим што ќе изготви нацрт-статут на заедницата на српските општини, но, како што вели, тој документ уште не е доставен до Брисел. Не е прецизирано кој би требало да го испрати документот.