12.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Сириската разузнавачка служба има монструозен план за бегалците кои се враќаат во земјата

Граѓанска војна веќе седум години беснее во Сирија, а силите на диктаторот Башар ал-Асад, со поддршка на Русија и исламските екстремистички паравоени групи кои ги регрутира Иран, повторно ја преземаат контролата во сите главни области.

Затоа, во Германија се погласни се барањата за враќање на стотици илјади бегалци во Сирија.

Протоколите на состанокот на претставниците на сириските разузнавачки служби на 27 јули, кои стигнаа во јавноста, сепак, покажуваат дека враќањето за многу луѓе би можело да значи смрт, пишува германскиот весник.

Како што пренесува порталот “Дописник од Сирија”, на состанокот, на кој, покрај шефот на озлогласената „Воздухопловна разузнувачка служба” генерал Џамил Хасан, учествуваа уште 33 разузнавач, се разговарало за можно убиство на милиони сириски повратници.

Порталот пишува дека Хасан се пофалил со „листа на барани лица” со три милиони имиња, меѓу кои се 150.000 бизнисмени кои за време на војната финансиски ја помагале опозицијата.

Луѓето кои се идентификувани како противници на режимот ќе бидат „истребени”, наводно, кажал Хасан.

Германската опозицијата изрази неразбирање во врска со промената на курсот на федералната влада.

– Тие што мислат дека сириските бегалци наскоро треба да се вратат во земјата, или немаат никаква врска со реалноста, или едноставно се нелуѓе – изјави за „Билд” потпретседателката на Зелената партија, Џамила Шефер.