8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Шокантно будење: Во креветот пронашла голема змија (Видео)

На една жена од местото Mission Beach, во Австралија, и се случило нешто што не се гледа секој ден.

Имено, едно утро се пробудила и затекнала огромен питон во својот кревет.

Таа веднаш ја повикала Службата за спасување на животни во Австралија (RSPCA), која интервенира во вакви ситуации.

Службеничка на RSPCA рекла дека жената многу се исплашила кога ја затекнала змијата во својот кревет. Веднаш излегла од спалната соба, оставајќи ја змијата внатре.

Питонот не е веднаш фатен, туку наредниот ден во ходникот на куќата.

Никој, меѓутоа, не знае од каде дошла оваа змија, но се претпоставува дека избегала од некои од околните куќи.

Спонзорирано: