17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поради жештините затворени четири нуклеарни реактори во Франција

Француската електродистрибуција привремено стопираше четири нуклеарни реактори за производство на електрична енергија поради високите температури и топлотниот бран што ја зафати Европа.

Од четвртокот е стопирана работата на два реактора, а од денес не функционираат ни двата ректора од нуклеарната централа Фесенхајм на истокот од Франција.

Француската електродистрибуција неодамна објави дека не ја исклучува можноста за дополнително намалување на производството на електрична енергија поради големите жештини во земјата, додавајќи дека тоа не треба да ги загрози домаќинствата бидејќи летото е период кога помалку се користи струја.