21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Апсење во дискотека во Охрид – во раце на полицијата паднаа четири лица

СВР Охрид од слобода лиши четири лица ( две машки и две женски) од Куманово поради нарушување на јавниот ред и мир со елементи на насилство извршено утрово околу 03 часот и 30 минути во дискотека во Охрид.

Истите, од ВИП ложата во дискотеката ги прскале со алкохол гостите што биле на подиумот, а по кратко време едно од лицата почнало да фрла со шишиња кон присутните. И покрај реакциите од гостите и од обезбедувањето на дискотеката, приведените продолжиле да фрлаат шишиња а во еден момент се обиделе и физички да го нападнат работникот на обезбедување.

Со интервенција на полициските службеници, спречено е нарушувањето на јавниот ред и мир и против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.