12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Професионален војник на АРМ учествувал во вчерашните инциденти на Мечкин Камен

Во врска со вчерашните информации за учество на припадник на АРМ во инцидент на прославата на празникот Илинден на Мечкин Камен, Министерството за одбрана ја известува јавноста дека е формирана Комисија со цел покренување постапка против професионалниот војник М.Б., кој е евидентиран, односно препознаен на видеоснимка од инцидентот во Крушево.

„Со цел да се добие увид во ситуацијата и во заднината на случувањата, професионалниот војник Богоевски денеска е повикан на разговор и на распит во Воената полиција. Во текот на распитот војникот Богоевски, иако на видеоснимките се гледа како стои во првиот ред, негирал дека учествувал во инцидентот во кој беа нападнати вербално и со фрлање предмети високи официјални гости од странство, како и владината делегација која дојде на Мечкин Камен со цел да учествува во прославата на Илинден“, велат од Министерството за одбрана.

Министерството за одбрана го осудува учеството на професионалниот војник во инцидентот и укажува дека на припадниците на институција како што е АРМ не им е местото во групи кои користат насилство за остварување политички цели и кои со напади врз високи странски официјални лица го нарушуваат угледот на АРМ и на Република Македонија.