16.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Со Законот за финансирање на политичките партии се намалува зависноста на партиите од донации

Владејачкиот СДСМ соопшти дека Законот за финансирање на политичките партии е донесен со консензус на сите партии и дека конкретното законско решение е во насока на намалување на зависноста на партиите од донации.

„Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги присуствуваше на сите работни состаноци со ОБСЕ на кои се разговараше за измените и не беше забележано никакво противење на АВМУ во однос на измените.

Постигнатото решение е во насока на препораките содржани во блупринт-документот изработен од невладините организации, каде што се предлага целосно финансирање на партиите од буџетот на Република Македонија.

Во однос на медиумското претставување, независните кандидати имаат шанса да бидат претставени како што тоа се правеше досега, но сепак како партија подготвени сме да разгледаме алтернативни решенија и да предложиме амандмани на Законот.

Со оглед на фактот дека лажните вести и говорот на омраза се најзастапени на електронските портали, а досега АВМУ не презеде ништо во однос на тоа, во Законот се предлага порталите што сакаат да објавуваат платена политичка програма претходно треба да се пријават во ДИК и да пријават ценовник што ќе биде еднаков за сите политички партии“, соопшти СДСМ.