12.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Драма во Германија: Голем шумски пожар предизвика паника, сите жители на ова место се евакуираат

Голем шумски пожар избувна во германското село Фихтенвалде, кое се наоѓа 35 километри југозападно од Берлин. Властите наредија подготовка за евакуација на населението.

Државните претставници на Бундестагот соопштија дека жителите на селото треба да ги спаскуваат облеката, важните документи и лековите во пресрет на можна евакуација.

Пожарот избувнал во близина на прометен автопат меѓу Берлин и Лајпциг, каде што може да се види голема количина густ чад. Властите објавија дека огнената стихија веќе уништила 90 хектари борова шума. Германија веќе со денови е на удар на високи температури, а метеоролозите најавија дека временските услови ќе потраат и во наредните денови, а утре се очекува живата на термометарот да се искачи до 38 Целзиусови степени, пренесуваат германските медиуми.