18.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Четири охриѓанки доживеале хорор: Прво ги измамиле дека ги сликаат за маникенки, но кога отвориле на интернет останале во шок

Двајца мажи од Свети Николе, на возраст од 29 и 31 година измамиле четири девојки на плажа во Охрид дека ќе ги фотографираат за потребите на модна агенција во Србија, од кои понатаму ќе се избирале манекенки, презентерки, фотомодели и ќе се снимале спотови.

„Пријавените, на четирите девојки им исплатиле по 600 денари а потоа им ги фотографирале и личните документи. Eдна година по настанот, истите фотографии и лични податоци на четирите девојки од Охрид, без нивно знаење и нивна согласност, биле објавени на веб сајт, кој бил креиран за остварување контакти“, соопшти МВР за овој случај.

Против двајцата мажи, поднесена е кривична пријава.