24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Апсење на булеварот Србија

Скопјанец дивеел со својот автомобил, добил казна па почнал да ги тепа полициските службеници, полицијата го привела. Како што стои во билтенот на МВР, вчера во 23,45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булеварот „Србија“ полициски службеници вршејќи службени задачи-радарска контрола сопреле патничко моторно возило “Форд Фиеста“ со скопски регистерски таблици управувано од А.А.(23) од Скопје.

Потоа, при изрекување казна за пречекорување на брзина, истиот почнал да ги навредува и да им се заканува, а во еден момент нападнал еден полициски службеник. А.А. е приведен во полициска станица. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.