17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Запленет имотот на поранешниот јавен обвинител

Албанското правосудство го заплени имотот на поранешниот главен обвинител, кој е под истрага поради корупција и перење пари, соопшти обвинителството. Европската Унија претходно соопшти дека борбата против корупцијата е услов за почеток на преговорите за прием на Албанија, а корупцијата во таа земја го зазема и правосудниот систем.

Поранешниот главен обвинител, Адријатик Лала, до заминувањето од функцијата во ноември минатата година бил еден од највлијателните луѓе во Албанија од кого многумина стравувале.

Обвинителството во Драч во април отвори истрага против Лала бидејќи одбил да го пријави својот имот, а подоцна станал осомничен за перење пари и обид за изнесување готови пари од земјата.

Правосудството го заплени неговиот движен и недвижен имот во вредност од 783.000 евра, меѓу кои и стан во Драч и околу два хектара земја. На Лала му е забранет влезот во САД, како и на неговата сопруга и двете деца.

Спонзорирано: