17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ: Не ги интересира ЗСО, го сакаат северниот дел од Косово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека во однос на изработката на статутот на заедницата на српските општини не се случува ништо, иако рокот на Брисел за Приштина истекува на почетокот на август.

„Ништо не се случува, а рокот истекува на 4 август. Се сеќавате ли што реков пред четири месеци? Реков дека нема да се случи ништо. Тие имаат една цел, а тоа е како да го заземат северниот дел од Косово. Нив не ги интересира ЗСО“, изјави Вучиќ.

Српскиот претседател додаде дека ЗСО не може да биде конечно решение бидејќи е обврска од бриселскиот договор од април 2013 година.

Спонзорирано: