16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Страшна несреќа близу Охрид – Почина едно лице

Едно лице загина а пет се повредени во синоќешната сообраќајна незгода што се случи на магистралниот пат Охрид –Кичево . Во несреќата учествувале „опел астра“, со кичевски таблички и „мерцедес“ со германски ознаки .

Возачот на мерцедесот, жител на струшкото село Велешта, со живеалиште во Германија, се здобил со сериозни повреди и доцна синоќа починал во болницата за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид.

Останатите сопатници од двете возила, меѓу кои и две деца на возраст од 8 и 14 години се задржани на лекување .

СВР-Охрид работи на целосно расчистување на случајот а според првичните проценки незгодата настанала во момент на разминување на двете возила .

Од СВР Охрид најавија дека ги превземаат сите мерки за зголемена безбедност во сообраќајот особено во екот на сезоната кога е зголемена фреквенцијата на патничките возила.

Спонзорирано: