15.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Хаос пред гостилница во Лисиче среде бел ден: Еден во болница

Сакал да помогне, а тој му извадил нож и го расекол. Среде бел ден во Секторот за внатрешни работи Скопје, се јавил 46-годишниот Ј.Ц. кој пријавил дека истиот ден околу 15 часот на улицата “Горно Лисиче“ при излегување од гостилницата здогледал 17 годишен малолетник како физички напаѓа друго малолетно лице.

Тој му рекол да напаѓачот да престане, но малолетникот почнал да го навредува и да му се заканува, по што извадил нож и пробал да го прободе во пределот на стомакот но истиот ја пружил раката така што му била нанесена расекотина.

Ј.Ц. бил пренесен во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар констатирана му била телесна повреда по што бил пуштен на домашно лекување.

Сочинет бил записник за констатиран прекршок по чл.12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.