14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тачи: Советите на САД се секогаш добредојдени во Косово

Претседателот на Косово, Хашим Тачи изјави дека советите кои доаѓаат од Соединетите Американски Држави секогаш се добредојдени на Косово, како и дека изјавата на амбасадорот на САД во Приштина, Грег Делави, е искрена и одговорна.

По вчерашната средба со студентите од Правниот факултет, Тачи рече дека изјавата на Делави треба сериозно да се земе во предвид.

„Треба да се разбере дека кога говори амбасадор на една земја, говори земјата што ја претставува. Овој пат говореше амбасадорот на САД, најсилната земја во светот, од која ние имаме се што е добро“, рече Тачи.

Амбасадорот во четвртокот изјави дека останува на Косово и Србија да одлучат за евентуална поделба на Косово. Тој веќе следниот ден ја негираше изјавата на својот профил на „Твитер“, наведувајќи дека е тоа лажна вест и побара да се игнорира.

Делави учествувајќи во емисија на приштинската телевизија КТВ, не ги спомена црвените линии на американската страна за поделбата на Косово што ги изрече во декември. Тој рече дека американската поддршка за косовската независност е непоколеблива и ќе продолжи и во иднина.