18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Повредени над 20 туристи поради ерупција на вулкан на Хаваите

Вкупно 23 лица се повредени кога вулкан на Хаваите исфрли лава во близина на туристички брод, соопштија локалните власти во САД.

Тринаесет од нив завршиле во болница, додека 10 се здобиле со полесни повреди, па лекарска помош им била укажана на местото на настанот.

Ерупцијата на вулканот Калауеа, еден од најактивните вулкани на светот, предизвика материјална штета од почетокот на активноста во мај.

Калауеа е еден од петте вулкани на Хаваите и туристички најпосетениот вулкан во светот.