14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

„Немам ситно“ веќе не проаѓа во црква: Воведено плаќање со картичка

Во германските цркви во иднина при собирање пари веќе нема да важи оправдувањето на верниците дека „немаат ситно“.

Протестантската црква во Бранденбург патентирала „кутија“ со чија помош верниците ќе можат да донираат и преку картичка.

Класичните кутии за собирање пари ќе бидат опремени со дисплеј и уред за безконтактно плаќање.

Како што објаснува црквата, зад идејата за безготовинско собирање пари не се крие желба за поголеми донации, туку за полесно префрлање пари на сметка на црквата.