16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Нови детали за смртта на познатиот македонски пејач

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека ги расветлува причините за смртта на пејачот Влатко Иливески кој синоќа беше пронајден мртов во неговиот автомобил.

„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје работи на расветлување на причините за смртта на машко лице, чие безживотно тело беше пронајдено доцна синоќа во автомобил на улица „Трета македонска бригада“ во Скопје. Според првичните информации, кај починатото лице не биле видливи траги на насилство“, соопшти ОЈО.

Јавниот обвинител издал наредба за обдукција на Илиевски, како и насоки за прибирање траги пронајдени на лице место на кои ќе претстои вештачење. Од Јавното обвинителство соопштија дека е запечатено возилото во кое е пронајдено телото, и исто така е предадено на вештачење.

Се преземаат сите дејствија за да се утврдат причините за смртта, велат од ОЈО.

Спонзорирано: