Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Иванов ги негира изјавите на Заев дека го поддржува договорот со Грција

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, најостро ги демантира изјавите изнесени од страна на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во интервјуто за грчката телевизија ЕРТ, дека претседателот Иванов ќе го поддржи договорот со Грција.

„Премиерот Заев со своите променливи, контрадикторни и конфузни ставови продолжува да ја лаже и манипулира не само македонската туку и грчката и меѓународната јавност. Членството на Република Македонија во Европската Унија и НАТО не смеат да се злоупотребуваат за прифаќање штетен договор со несогледливи последици по македонската држава и македонскиот народ“, соопшти кабинетот на Иванов.

Македонскиот претседател не прифаќа, како што соопшуваат од неговиот кабинет, договор на штета на македонскиот национален идентитет и на штета на интересите на Република Македонија. Ставот на претседателот Иванов е непроменет и нема да го поколебаат никакви притисоци, уцени и закани, се додава во соопштението.

Спонзорирано: