10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

„Дајте 60 илјади бомби да слушаме за животот и делото на Латас“ рече адвокатката Бегова

Обвинителката Фатиме Фетаи ги искара обвинетиот Драган Павловиќ Латас и адвокатката дека не знаат во која фаза е постапката во предметот за бесправно изградените викендички во Зелениково.

„Не знаете во која фаза е постапката“, им рече Фетаи, откако претходно адвокатката на Латас приговараше дека во пуштената бомба нема криминал, а Латас побара спецификација на примени разговори и потврдување на автентичноста.

„Дајте ни ги сите 60 илјади разговори кои ги имате за Латас, па да слушаме за неговиот живот и дело“, рече Бегова.

Обвинителката Јосифовска му рече дека предмет на обвинението не е животот и делото на Латас.

„Дојдов на судење, не на шоу”, дополни Бегова. Таа разговараше на висок тон со обвинителката. Следува пауза, по што судењето треба да продолжи.