25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Цела недела дождови, а викендов уште еден пад на температурите – еве ја деталната прогноза за следните денови

До петок ќе преовладува сончево и топло време, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи, особено во планинските делови, информира УХМР.

За време на викендот на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи, а ќе дува и умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени.

Денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Попладне во северните и западните делови ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја.

Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 34 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.