17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мигранти од Пакистан и Авганистан откриени во возило кај Неготино

Oсумнаесет мигранти од Пакистан и Авганистан синоќа по полноќ биле откриени во возило кај Неготино.

„На регионалниот пат Неготино – Радовиш, во близина на полигонот кај с.Пепелиште, полициски службеници се обиделе да сопрат патничко возило ‘опел синтра’ со штипски регистарски ознаки. Возачот нагло го запрел возилото и побегнал. Во наведеното возило биле откриени 12 лица од Пакистан и шест лица од Авганистан. Бил извршен увид на местото на настанот и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот“, соопшти МВР.

Мигрантите се пренесени во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка.

Спонзорирано: