17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Радувај се Македонијо: Предмалку Зоран Заев го објави ова на социјалните мрежи

Премиерот Зоран Заев на својот профил на „Фејсбук“ објави фотографија на која заедно со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг гледаат во мапата на земјите членки на НАТО.

„Го видовме нашето место на мапата членки на #НАТО. 30-тото место е за #Македонија. 30-тиот јарбол е за македонското #знаме“, напиша Заев како опис на фотографијата.

Денеска заедно со Столтенберг, Заев одржа заедничка прес-конференција на која истакна дека Македонија ја очекува официјалната покана на престојниот НАТО самит. Столтенберг изјави дека вратата на НАТО е отворена, а Македонија е на прагот. Тој очекува на Самитот да и биде врачена поканата на нашата земја, меѓутоа потенцира дека без исполнување на договорот, Македонија нема да може да стане дел од НАТО.

Спонзорирано: