24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Одлична вест за Македонците во Германија

Владата денеска ја усвои декларацијата за признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Германија. Ова е последен чекор пред договорот да биде потпишан меѓу двете земји и одлуката да стапи на сила.

„Ова претставува последна фаза пред потпишување на Декларацијата од страна на двајцата министри, со што таа и официјално би стапила на сила. Возачките дозволи ќе им бидат признаени на полнолетни лица со важечка возачка дозвола, издадена од надлежните органи во Македонија и во Германија и кои имаат законски престој на македонска територија (најмалку 180 дена во една календарска година) или на територијата на Германија (најмалку 185 дена во годината)“, соопштија од македонската Влада.