15.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Грци го начекаа Ципрас во Лондон – „Предавник, ја продаде Македонија“

Грчкиот премиер Алексис Ципрас беше нападнат вербално од група Грци за време на неговата посета на Лондон, пишува грчкиот весник „Прототема“.

Грците се собрале од другата страна на улицата, додека премиерот влегувал во зградата каде што требало да се сретне со претставници од грчката дијаспора.

Весникот пишува дека по пристигнувањето на Ципрас, групата почнала да извикува „Предавник, ја продаде Македонија, продај го и Кипар“ и „Срам да ти е“, притоа фрлајќи ситни пари на улицата.

Грчкиот премиер се наоѓа во посета на Лондон каде што денеска ќе се сретне со британската колешка Тереза Меј и лидерот на Лабуристичката партија, Џереми Корбин.