17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Бибер: Евентуалното вето од Франција ќе го загрози договорот со Грција

Евентуалното вето од Франција за почеток на преговорите со Македонија ќе го загрози договорот со Грција и ќе ги минира реформските напори на земјите од регионот, оценува австрискиот политички аналитичар Флоријан Бибер, професор на Универзитетот во Грац и координатор на Европската советодавна група за Балканот.

Бибер во изјава за австрискиот весник „Стандард“ вели дека тоа ќе биде удар за реформската политика на Балканот. Франција ќе стане новата Грција за Македонија, која и натаму ќе биде спречена да се приклучи кон ЕУ и НАТО. Одбивањето на ЕУ да отвори преговори за членство на Македонија, наведува Бибер, би значело и „речиси смртна казна за компромисот за името меѓу Скопје и Атина“.

„Таквата француска политика би имала далекусежни последици. Во Македонија наесен е планиран референдум за договорот со Грција. Тешко е да се замисли дека ќе излезе добро ако договорот не е награден од ЕУ. Тоа ќе ` даде шанса на македонската конзервативна опозиција да се мобилизира против одобрувањето на компромисот за името“, вели Бибер.