17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Забрана за мобилни телефони во училиштата

Министерството за образование на Грција, испрати писмо до сите училишта во земјата, преку кое соопшти дека децата нема да смеат да носат мобилни телефони, пренесе „Катимерини“.

Во соопштението се вели дека не е допуштено децата да доаѓаат на училиште со било каков електронски уред или уред за игри со систем за обработка на слики и звук. Електронската опрема, која ја обезбедува училиштето, децата отсега ќе можат да ја користат само за време на наставата и под надзор на наставниците.

Министерството укажа и дека на училишните веб-страници повеќе не смеат да се поставуваат фотографии и видео-снимки од учениците, на кои тие можат да бидат препознаени, бидејќи се работи за лични податици утврдени со грчкиот закон.

Министерството допушти користење на безбедносните камери во зградите, само во период кога училиштата не работат, поради спречување на кражби.