12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Доматите се продаваат за мизерни 5 до 7 денари по килограм

СДСМ е катастрофа за земјоделието, нема откуп и ниски цени, а доматите се продаваат за мизерни 5 до 7 денари по килограм, обвини Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција.

„Повеќе од една година како СДСМ е на власт, земјоделците се соочуваат со ниски откупни цени, влошен пласман, намалени субвенции и тотална негрижа. Раноградинарските култури имаат историски најниски откупни цени. Во моментов доматите се откупува по 5 до 7 денари за килограм. Пласманот е слаб, а земјоделците едвај сами се снаоѓаат да го продадат произведеното по мизерни цени. Ова е вистинска катастрофа, ова е недозволиво“, рече Трипуновски.

Додаде дека Владата го занемарила земјоделството и ги оставила земјоделците да се борат за својата егзистенција. Опозицијата обвинува дека и покрај предизборните ветувања за сигурен пласман и повисоки откупни цени на земјоделските култури, сега цените се пониски од било кога.

„Нема ниту интервенција од државата, ниту има отворено нови пазари. Затоа земјоделските култури наместо на пазар се принудени да ги фрлат на буниште. Наголемо најавуваниот интервентен фонд, е целосна лага. Субвенциите се намалени, а зелената нафта е уште една лага во редицата. Земјоделците се излажани и изманипулирани.“, истакна Трипуновски.

Тој предупреди дека проблемот со неутврдената цена за откуп на пченицата, се уште не е решен, и додаде дека неговото нерешавање во услови на секојдневни дождови ќе го уништат и упропастат и она што останало на полето.