17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Последиците од штетениот договор се чувствуваат

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека последиците од договорот за името се чувствуваат, а нашата земја веќе е ословувана како Северна Македонија. Според опозицијата, обврските преземени со Договорот се косат со Уставот, македонската наука, историјата и идентитетската посебност.

„Последиците на штетниот договор Македонците веќе ги чувствуваат, иако истиот се уште не стапил на сила. Медиуми, политичари и институции веќе почнуваат да ја ословуваат Република Македонија како Северна Македонија, а граѓаните кои се родиле, живееле и создавале како Македонци, да ги ословуваат како северномакедонци“, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на прес-конференција.

Стоилковски додаде дека реализацијата на договорот значи сечење на корените на цела нација, а бришењето на Македонија и придавките кои произлегуваат од Македонија од Уставот, се неприфатливи.

„ВМРО-ДПМНЕ како предводник на опозицијата не се согласува со ваков штетен договор и ќе се спротивстави на неговата реализација. Македонските евро и евроатлански интеграции не треба и не смее да бидат поврзувани со договор кој предвидува бришење на македонската држава и народ“, нагласи Стоилковски.

Опозицијата го повтори ставот дека проблемот со името можел да биде решен поправично, а не, како што тврди, на штета на македонските национални интереси.

„Доколку Зоран Коте Заев го искористеше меѓународниот интерес за решавање на проблемот и преговараше мудро без однапред најавена капитулација, тогаш ќе можеше да се најде и поприфатливо подостоинствено решение“, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: