12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
МАКЕДОНИЈА

Страшна сообраќајка: Момче итно пренесено во болница

Деветнаесетгодишно момче од Градско со автомобил удрило во ограда, по што возилото се превртело. Во несреќата е повредено едно лице.

Според информациите од полицијата, несреќата се случила синоќа околу 1 и 30 часот по полноќ, на магистралниот пат Градско – Прилеп кога Љ.Т. со автомобил „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, удрил во заштитната ограда од бензинска пумпа и се превртел на патот. Во незгодата со повреди се здобил сопатникот Ѓ.Ѓ.(18) од Росоман кој бил пренесен и задржан на лекување во болницата во Кавадарци.