17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се вратил дома и затекнал припрема за сопствениот погреб- роднините запрепастени кога виделе дека е жив

20- годишниот Хуан Рамон Алфонсо ги шокирал сите кога се појавил дома, додека целото семејство било собрано и спремале негов погреб.

Жителите на селото Санта Тереса од Брзил, последен пат го виделе минатиот четврток, а оттгош излегол од дома и не се вратили ниту се јавил.

Откако пријавиле исчезнување, локалните власти набрзо им се јавиле дека на патот нашле мртво тело кое било унаказено па го повикале семејството да го идентификуваат.

Поради тоа што телото било во непрепознатлива состојба, тие со солзи и болка прифатиле дека се работи за Хуан.

Остатоците од телото се префрлени во селотио и организирале погреб.

Меѓутоа на третиот ден од исчезнувањето на Хуан, тој дошол дома како ништо да не се случило, а таму ги затекнал уплакани членовите на семејството и пријателите кои занемеле од шок кога го виделе жив.

Во истиот момент е повикана полиција, која ги вратила смртните остатки во мртовачница и се работи на утврдување на неговиот идентитет.