12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Столтенберг му честита на Ердоган – „Турција е клучен сојузник на НАТО“

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбег му ја честита на турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган победата на изборите во земјата.

„Му честитам на Ердоган за неговиот реизбор. Го поздравувам и турскиот народ за високата излезност на изборите“, изјави Столтенберг пред средбата со министрите за одбрана на ЕУ, во Луксембург.

Тој истакна дека Турција е важна за НАТО.

„Турција е клучен сојузник во НАТО од многу причини. Не само затоа што се граничи со Русија во Црното море, туку и со Ирак и Сирија на југ. Турција е важна во борбата против „Исламска држава“ и против тероризмот“, дополни Столтенберг.