12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Дебакл на грчкиот протест против името Македонија: Се собраа само неколку илјади луѓе

Стотици Грци вчера протестирале во Солун против договорот за името со Македонија. Учесниците носеле транспаренти на кои пишувало „Политичарите се предавници“. „Франс прес“ наведува дека на протестот имало околу 4 000 луѓе.

Дел од учесниците ја нападнале локалната канцеларија на владејачката коалиција СИРИЗА-АНЕЛ. Грчките медиуми пренесуваат дека полицијата ги растерала демонстрантите со солзавец.

Македонија и Грција на 17 јуни потпишаа договор за промена на името на Македонија во Северна Македонија. И во двете држави оттогаш се одржуваат протести на кои бараат од властите да се откажат од договорот.