17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Апсења низ Скопје – Овие демонстранти со себе носеле нешто што ги изненадило и полицајците

Полицијата синоќа, откако заврши протестот пред Собранието, привела 9 лица. При претрес кај нив биле најдени пиротехнички средства, боксирач, скалпел , пиротехнички средства и други предмети.

„Во текот на вчерашниот јавен собир во Скопје, пред зградата на Собранието, околу 21:40 часот, повеќе лица со маски– фантомки почнаа со фрлање на камења кон полицискиот кордон, но веднаш потоа се повлекоа во правец кон ‘Жена парк’. При преземање на мерки и активности за одржување на јавниот ред и мир и извршен преглед кај повеќе лица на неколку локации во центарот на Скопје, приведени се девет лица кај кои се пронајдени пиротехнички средства, боксирач, скалпер, фантомки, заштитни маски со филтер и други предмети“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Против лицата МВР најави дека ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Протестот го организираше студентското движење „Млади за Македонија“ од каде апелираа до демонстрантите да не доаѓаат со фантомки и да не ја напаѓаат полицијата.