22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Дожд од скапоцени камења: Жителите на Хаваи по ерупцијата добиле неочекуван подарок (Видео)

Вулканот Килауеа го посипа островот со мали примероци скапоцени камења, а очевидци тврдат дека парчиња зелени камчиња се најдени после ерупцијата.

Сликите од малите камења за кои се тврди дека се оливин се објавени во медиумите.

Сликите на Твитер ги поставила метеорологот Ерин Џордон која за агенциите рекла дека нејзини пријатели пронашле камења во Калапана на Хаваи.

Оливинот е вообичаен минерал кој се наоѓа во базалтната лава, која излегува од пукнатините во близина на Килауеа.

Меѓутоа, научниците тврдат дека оливинот не е камен кој го исфрла хавајскиот вулкан.

Шерил Гансецки, геолог од Хило Универзитетот на Хаваи, тврди дека фотографиите од оливин кој се објавени на социјалните медиуми „дефинитивно не се она што го гледаме во лавата“.

„Оливинот не паѓа од небото, освен во парчиња лава“, вели таа. „Она што го гледаме се мали парчиња кои не се одвојуваат од лавата. Лавата треба да се здроби за да се извлечат“, тврди таа.

Фото: Твитер

Спонзорирано: