14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Синоптичарите најавуваат облачно време и обилни врнежи, еве од кога

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во западните делови значително облачно, попладне со појава на пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе се движат од 22 до 34 степени.

До петок во попладневните часови ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Во петок кон крајот на денот ќе почне да дува засилен северозападен ветер кој ќе продолжи и во сабота и ќе услови значително опаѓање на температурата во наредните денови.

За време на викендот ќе има локален дожд, но без грмежи, а од понеделник се очекува пооблачно време со пообилни врнежи од дожд.