25.8 C
Скопје
17. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Чудна трагедија поради која плаче Македонија: Приватен автобус удрил во тезга, продавачот ја спаси внуката и почина

Приватен автобус удри во тезга на улицата „Индира Ганди“, соопшти МВР. Продавачот на тезгата ја оттргнал внуката од местото на настанот, по што му се слошило и паднал во бесознание.

Со друго возило 55 -годишниот човек бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што од страна на лекар била констатирана смрт.

Од МВР велат дека приватниот автобус се движел кон тезгата и од непозната причина возачот не можел да го сопре автобусот, по што удрил во тезгата.

Со одобрение на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.