16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото mfa.gov.mk
МАКЕДОНИЈА

Димитров заминува во работна посета на Софија

На покана на Кристиан Вигенин, претседавач со Комисијата за европски прашања и надзор на европските фондови при Националното Собрание на Република Бугарија, министерот за надворешни работи Никола Димитров утре во Софија, ќе учествува на Конференцијата на Комисиите за европски прашања на националните парламенти на земјите – членки на Европската Унија и на земјите – кандидати.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи, конференцијата се одржува во рамките на ротирачкото бугарско претседавање со Советот на Европската Унија, каде Димитров е поканет како специјален гостин да се обрати на сесијата „Интеграција и поврзаност на Западниот Балкан – нова движечка сила на политиката за проширување на Европската Унија“.

Спонзорирано: