16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

БЕСА го поздрави договорот меѓу Македонија и Грција

БЕСА го поздрави потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Грција, честитајќи им на премиерите Заев и Ципрас, како и на министрите за надворешни работи, Димитров и Коцијас, за, како што велат, успехот со историски размери за нашата земјата.

„Иако ние, како Албанци, можеби би направиле некои поточни формулации во некои делови од договорот, а кои се однесуваат на етничките и јазичните идентитети во земјата, сепак кога се има во предвид дека овој договор е голем чекор за членство во НАТО и отворање на преговорите за ЕУ, ова можеби е нашиот компромис. Ако, со овој договор, Македонија и Албанците во неа се спасуваат од „ризичната“ и „огнената“ зона, ако се спречува можноста за дестабилизација, ако се создава безбедност, ако се отвораат патишта за економски развој и ако се воспостави правна држава, тоа е доволен материјал и етничките права на Албанците во иднина да се усогласат со европските стандарди. Најважно е што Македонија од денес тргнал на друг пат“, се вели во соопштението на БЕСА.

Оттаму додаваат дека со новото државно име, исполнето е нивното барање да се делат етничките идентитети од државниот идентитет.

„Сега “Мацедониан” нема да биде државна припадност, туку само етничка припадност, а сите граѓани на земјата стануваат подеднакво исти – „граѓани на Република Северна Македонија“. Ова е во духот на платформата редефинирање на Движењето БЕСА, бидејќи на овој начин државата се деетнизира и од моноетничка се претовара во вистинска мултиетничка држава“, смета Движењето БЕСА.

Тие го поздравија и фактот дека со овој договор не се загрозува етничкиот идентитет на македонскиот народ и на македонскиот јазик.

„Општо земено, Движењето БЕСА го поздравува договорот, кој не е историски само заради тоа што решил еден долгогодишен проблем, туку дотолку повеќе што отвора едно ново историско поглавје за нашата земја. Затоа ја користиме оваа прилика на сите Албанци и други граѓани во земјата да им го честитаме овој успех и да ги поканиме да се ангажираат во негова имплементација, бидејќи само на таков начин отвораме пат за кој ќе ни бидат благодарни и наредните генерации“, се вели во соопштението на БЕСА, зад кое како потписник стои претседателот Африм Гаши.

Спонзорирано: