17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кирацовски во Лозово, Демир Хисар и Ресен: Да ја искористиме историската шанса

Генералниот секретар на СДСМ Кирацовски продолжува со посети на општините и населени места. Придружуван од организациониот секретар Миле Зечевиќ во текот на вчерашниот ден Кирацовски ги посети Лозово, Демир Хисар и Ресен.

Пред присутните граѓани и поддржувачи на СДСМ, генералниот секретар Кирацовски зборуваше за актуелни теми и прашања во интерес на граѓаните и се осврна на договорот којшто става крај на 25 годишниот спор со Грција, којшто ги отвора евроатлантските перспективи и го јакне нашиот идентитет.

„ Пред нас е историска шанса, имаме договор којшто го зацврстува и зајакнува нашиот идентитет, договор којшто затвора долгогодишен спор. Доста беа порази, граѓаните сакаат победи. Овој договор отвора перспективи, да бидеме 30-та земја членка на НАТО и ги отвора преговорите со ЕУ. Како граѓани исправени сме пред историска шанса да ја обезбедиме иднината и никој никогаш повеќе да не го спори нашето, своето. Секој од нас ќе има можност последниот збор да го каже на референдум. Да ја искористиме таа прилика, да кажеме да за за нашата македонска иднина, да кажеме да за членство во НАТО и ЕУ“, порача Кирацовски.

Членството во НАТО, додаде Кирацовски е гарантирана безбедност и стабилност, но и нови инвестиции и работни места, преговорите и членството во ЕУ е зајакнување на институциите, владеење на правото, но и отворање на нови фондови и повеќе пари кај граѓаните.

Генералниот секретар и највисокото раководство на СДСМ остануваат во директен контакт со граѓаните преку предвидените активности во секоја општина и населено место во Македонија.