24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заедно со референдумот, Заев не ја отфрла можноста и за предвремени избори

По постигнувањето на договорот со Грција, премиерот Зоран Заев најави дека можно е да се одржат предвремени парламентарни избори заедно со референдумот за името оваа есен. „Можно е да бидат заедно со референдумот, а може и со претседателските избори. Тоа е мое мислење, не сум ги консултирал коалиционите партнери. Според мене добро е да се истера целиот мандат, поради економијата, но тоа е до таму до каде што зависи од нас, но ние сме подготвени да одиме на избори, анкетите се на наша страна“, вели Заев.

На новинарско прашање што доколку опозицијата и претседателот не ја прифатат промената на името, тој остава шанса за успешен референдум. „Граѓаните треба да излезат на референдум и да го кажат својот став и конечно Европската Унија да ги отвори вратите за Македонија“, рече Заев.

Дo крај на годината новото име Република Северна Македонија ќе биде за меѓународна употреба, а за домашна употреба ќе се воведува етапно со отворање на поглавјата, за 5 години најдоцна. Кодовите остануваат мк и мкд освен за регистрациите кои ќе бидат НМK, најави Заев.

Спонзорирано: