24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Невреме ја погоди Македонија: Еве каде е најкритично

До 13 часот од оваа нестабилност наврнаа (во литри на квадратен метар): 20 Куманово, 16 Скопје Петровец, 11 Скопје З. Рид, 4 Лазарополе и помалку од 1 во Маврово и Тетово.

Врнежите на Метеоролошката станица Зајчев Рид траеа само 25 минути и тоа од 11 40 до 12 05 часот, а за тоа време паднале 11 литри на квадратен метар.

Во пладневните часови преку северните делови од земјата започна да преминува бран од врнежи проследени со грмежи и повремено пороен дожд.

Под влијание на оваа влажна и нестабилна воздушна маса најмногу беа зафатени северозападните делови од земјава, а потоа и регионот на Скопско. Нестабилното време се префрли од западните делови од Скопската котлина преку централното градско подрачје понатаму кон исток, а имаше појави на пороен дожд, грмежи и засилен ветер чија брзина повремено надминува 80 км/час.

Нестабилноста во моментов е на североистокот од земјата и врнежите и грмежите во следните часови ќе се преместува кон исток, а можно е таму и дa се прошират.

Во Скопскиот регион и понатаму има услови за појава на повремен поинтензивен дожд и ретки грмежи и тоа претежно преку денот и во вечерните часови.

Утре нестабилноста ќе е со помал интензитет и претежно во планинските региони.

Спонзорирано: