17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација / Pixabay
СВЕТ

Грција плаче по страшната сообраќајка – многу мртви

Најмалку шест лица загинале, меѓу кои и три деца, кога џип полн со мигранти денеска излетал од и удрил во карпа во близина на Кавала.

Во Џипот имало 16 лица, објави агенцијата АП. Полицијата соопшти дека уште четири лица биле сериозно повредени и додаде дека причината за несреќата засега е непозната.

Не е позната ниту националноста и идентитетот на мигрантите кои биле баратели на азил.

Според официјалното соопштение, возилото доаѓало од североисточниот пограничен регион Еврос со Турција, што е главната точка за премн на мигрантите и бегалците кои се во потрага по подобар живот во Европа.