22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во земјата каде многумина одат на летување паднаа големи количини лед (Видео)

Големо невреме во понеделникот го погоди планинскиот венец Тродос на Кипар. Снимката објавена на Фејсбук страницата Severe Weather Europe изгледа неверојатно за ова доба од годината.

Град со големина на орев во само неколку минути создал слој лед и снег на патот во висина од седум сантиметри. Истовремено, температурата на воздухот од 20 степени Целзиусови во неколку минути се спуштила на само 5.

Големото невреме ја уништило овогодишната жетва, пишуваат медиумите.

Земјоделците соопштиле дека бурата на нивните посеви предизвикала пустош и дека овоштарниците им се уништени на само неколку денови пред берба.