24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Страшна сообраќајка со повредени: Се “смачкаа” мазда и рено

На 04.06.2018 година околу 15.20 часот на регионалиот пат Делчево-Берово, во близина на „Црничка чекална“ дошло до судир помеѓу патничко возило „Мазда 3“ со беровски регистарски ознаки, управувано од С.В. (60) од Пехчево и патничко возило „Рено Сеник“ со беровски регистарски ознаки, управувано од М.К. (32) од Берово.

Притоа, С.В. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничка болница Штип каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото ан настанот извршила увидна екипа на СВР Штип.