22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Облачно време со услови за пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Оттаму додаваат дека доцна попладне ќе дојде до стабилизација. Утринските температури ќе се движат од 12 до 19, а максималните дневни од 25 до 32 Целзиусови степена.

Во Скопје слично време, променливо облачно, а од пладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се искачи до 30 степени.

В четврток, како и в петок, преку денот ќе има ретка појава на нестабилност, претежно во планинските предели. В петок кон крајот на денот и в сабота ќе има поизразена нестабилност, на места со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.